КЈП „Водовод“ : Известување до граѓаните во врска со искажаната невистина на социјалните мрежи за водата од градскиот водовод

Почитувани,

Во последно време во Кочани од страна на некои комерцијалисти се нудат  филтри за вода по високи цени  со образложение дека водата од  градскиот водовод не е безбена за пиење.

На социјалните мрежи кружи видео со кое се манипулураат граѓаните и се  наведуват да ги купуваат скапите фитри за да понудувачите остварат  профит. Манипулативните видео записи од овој тип не се ништо ново, ги  има насекаде во светот, а од пред неколку години се присутни и во  Р.С.Македонија. Направени се за да комерцијалистите направат профит преку продавање на филтри за вода. Тие се демантирани од  врвни  експерти на ова поле.

Ги известуваме Граѓаните на Кочани да не наседнуваат на ваквите  провокации и манипулации од страна на нестручни лица и апарати од  сомнително потекло. Водата во Градскиот водовод е третирана и е безбедна за пиење. Водата  во Кочани е од длабоки подземни бунари што дополнително ја зголемуваат  безбеноста на истата. Доказ за тоа се анализите кои се прават во лабораторијата на фабриката за вода, Акредитирана Лабораторија и екстра анализите кои се прават во врвната институција за контрола на вода во Институт за јавно здравје во Скопје.
Со почит.

Кочани,24.12.2020 год.                   

КЈП Водовод Кочани

  • Во прилог анализи на исправноста на водата од градскиот водовод.
Сподели: