И покрај лошите временски услови изминатата седмица, од страна на приватни компании кои вршат градежни активности на територија на Општина Кочани се вршеше редовен дотур на земја до Градската депонија и нејзино правилно распоредување по површината на депонијата за понатамошна употреба за затрупување на ново пристигнаттиот отпад.


Економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно е присутен на терен и активно работи на туркање на ново пристигнатиот отпад и негово затрупување со земја.
Освен економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно на терен е присутна и дел од механизацијата со која располага КЈП “Водовод” Кочани и активно се работи на обезбедување на пристап за олеснето депонирање на отпад во Градската депонија.
Поставената стражарска служба од страна на КЈП “Водовод” Кочани и Општина Кочани врши засилена контрола и евиденција на возилата кои депонираат отпад на Градската депонија, а исто така во координација со МВР ОВР Кочани презема активности против лица кои изминатата седмица зачестено неовластено влегуваа во Градската депонија.
Одговорното лице определено од КЈП “Водовод” Кочани за управување и менаџирање со ново пристигнатиот отпад на Градската депонија секојдневно врши контрола, селектирање и распоредување за подоцнежно правилно и олеснето третирање на новиот отпад.
Овластени лица од КЈП “Водовод” Кочани преку поставениот видео мониторинг вршат редовна контрола за состојбата на Градската депонија како и за начинот на депонирање на отпад.
КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека приватните превозници на отпад и граѓаните може да го депонираат отпадот на Градската депонија секој ден од 08 часот до 16 часот при што задолжително треба да се придржуваат до распоредот и начинот на кипање кој ќе го определи стражарската служба на Градската депонија!
КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека најстрого е забрането депонирање на отпад од гума и метал на Градската депонија!
КЈП “Водовод” Кочани
