Заради намалување на директната комуникација, согласно со насоките за превенција од ширење на коронавирусот, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ им препорачува на граѓаните, контактите со службите да ги извршуваат телефонски или по електронска пошта, а сметките да ги плаќаат електронски, преку веб-страницата на претпријатието или преку електронските банкарства на граѓаните.
Во соопштението до јавноста упатено до кочанското комунално претпријатие стои дека сѐ додека се актуелни мерките на Владата за заштита од болеста COVID-19, службите од „Водовод“ ќе ја читаат состојбата само на водомерите кои се наоѓаат во шахта, надвор од домовите на водокорисниците. Нема да се врши читање на водомерите кои се наоѓаат во домовите на потрошувачите на вода од градскиот водовод. Доколку граѓаните сакаат да добијат сметка со точна состојба на водомерите, може да ја пријават кај читачите на водомери, на телефон кај раководителот на единицата за Пласман, продажба и наплата во КЈП „Водовод“.
Ваквите мерки во КЈП „Водовод“ ќе се применуваат додека траат препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за превенција од ширење на коронавирусот.
Телефонските и електронските контакти со КЈП „Водовод“ се објавени на линкот: http://kocani.gov.mk/соопштение-од-кјп-водовод-кочани/