Вработените во Сектор градско зеленило вечерва во координација со Општина Кочани и Makedonijapat со сопствена механизација и работна сила активно учествуваат во расчистување на наносите од снег кои во текот на денот и ноќта. Приоритет се главните сообраќајници во градот, кружните текови како и влезовите на Кочани.
Вечерва мешавина од сол и песок од околу 8 тони беше расфрлана на улиците во градот и населените места во должина од 20 километри. Во акцијата акцент беше даден на кружните текови во градот, крстосниците во централното градско подрачје, пристапот до Градската болница како и по критичните угорници во населените места во Кочани.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот!
КЈП „Водовод“ – Кочани