КЈП „Водовод“ повикува на рационално трошење на водата од градскиот водовод

Поради зголемените дневни температури и енормната потрошувачка на водата за пиење, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ упатува апел за рационално користење на овој ресурс.

Службите повикуваат водата да се користи за лични потреби, а не и за полевање градини.
Нерационалното трошење на водата за пиење ќе биде причина за воведување рестриктивни мерки.

КЈП „Водовод“ им благодари на разбирањето и поддршката на корисниците на водата од градскиот водовод.

Сподели: