КЈП „Водовод“ – Поставен длабински пумпен агрегат

Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат.

Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат.

Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 150 илјади евра.

Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП “Водовод” Кочани ги испорачува кон крајните корисници во моментот, а во иднина ќе обезбеди целосно, навремено и квалитетно снабдување со вода до крајните корисници.

КЈП „Водовод“ – Кочани

Сподели: