Во врска со вчерашниот пожар во близина на Градската депонија, КЈП „Водовод“ преку соопштение до јавноста информира дека постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат за што е известено е Одделението за внатрешни работи – Кочани, при Министерството за внатрешни работи.
– Ја известуваме јавноста дека вчера околу 17 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е нискостеблеста вегетација и сува трева. Просторот кој е зафатен од пожарот е тешко пристапен и се наоѓа на самиот крај од градската депонијата и не опфаќа никакви отпадоци, туку исклучиво сува трева, соопштија од „Водовод“
По добиената дојава за пожар, екипи на КЈП „Водовод“ во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани излегле на терен при што е дејствувано во локализирање на пожарот.
– Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани, истакнаа од „Водовод“.