Вработените во Одделение за градежни работи денес со сопствена механизација и работна сила извршија расчистување на отпаден материјал на повеќе локации во Општина Кочани.
Денес се работи на расчистување на диво создадена депонија од несовесни сограѓани кај месноста Бавчалук.
Освен дивата депонија кај месноста Бавчалук, во текот на денот се расчистуваат и диви депонии околу ОУ “Раде Кратовче” и дива депонија во градскиот пазар, а вкупно беа изнесени 3 камиони со неправилно одлаган отпад на јавни површини.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот во садови кои се наменети за депонирање на отпад!!!
КЈП “Водовод” Кочани