КЈП „Водовод“ – Се работи на отстранување на дефектот – корисниците од трета зона ќе добијат вода во текот на денешниот ден или утре

Настанатиот дефект на цевководот за водоснабдување на корисниците од висока зона е доста комплексен.

Екипите на КЈП Водовод Кочани открија дека дефектот се наоѓа во коритото на Кочанска Река. За таа цел екипите на Водовод со тешка механизација ќе работат најпрво на пренасочување на реката, со цел да се создадат услови за отстранување на дефектот.  

Заради комплексноста, се предвидува дефектот да биде отстранет во текот на денешниот или утрешниот ден.

Цистерни со техничка вода се испратени на улиците на кои е прекинато водоснабдувањето.

Ви благодариме за разбирањето!

КЈП Водовод Кочани

Сподели: