КЈП „Водовод“ со јавен повик за рационално користење на водата

Почитувани сограѓани, наши корисници!

Вашето присуство во домовите за време на викендот драстично ја зголеми потрошувачката на водата за пиење што ја испорачуваме преку системот за водоснабдување.

КЈП „Водовод“ евидентира нерационална потрошувачка на водата.Се полеваат тревници, градини, бавчи, се мијат дворови со вода што првенствено е наменета за пиење. Со тоа може да биде доведено во прашање нормалното водоснабдување на Кочани и на населените места, што воопшто не е добро во услови на пандемија.

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“моментално испорачува максимални 195 литри во секунда, што е за една четвртина повеќе од нормалната потрошувачка. Доколку водата продолжи да се троши нерационално, рестрикациите ќе бидат неминовни.

Од енормната потрошувачка на водата од Градскиот водовод и намалувањето на притисокот во системот за водоснабдување, најмногу на удар можат да бидат корисниците од високите зони во Кочани, кои опфаќаат околу третина од потрошувачите.

КЈП „Водовод“ испорачува вода за пиење, а не техничка вода, затоа да не се доведеме во ситуација дел од потрошувачите да имаат вода во изобилство и да ја користат нерационално, а дел, поради првите, да немаат вода ни за основни потреби.

Токму затоа апелираме водата да не се злоупотребува, да се користи рационално, за да може во сите делови на градот и населените места да има доволни количини за основните намени, пред сѐ за одржување на личната хигиена.

Ве повикуваме да бидете солидарни и совесно да ја користите водата!

Со почит,

КЈП „Водовод“

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial