КЈП „Водовод“ – Теренски работни активности за расчистување на мини диви депонии

Вработените во Одделение за градежни работи денес со сопствена механизација и работна сила извршија расчистување на отпаден материјал на повеќе локации во Општина Кочани.

Денес се работи на расчистување на диво создадена депонија од несовесни сограѓани кај Фабриката за вода. Освен дивата депонија кај Фабриката за вода, во текот на денот се расчистуваат и диви депонии околу спомен домот “Асном” и дива депонија кај Градскиот панаѓур, а вкупно беа изнесени 5 камиони со неправилно одлаган отпад на јавни површини.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот во садови кои се наменети за депонирање на отпад!!!

КЈП „Водовод“ – Кочани

Сподели: