Дојдовме и до ова дереџе…Не дека не беше очекувано.
Сепак многу мислеа и се надеваа на поинаков крај, или расплет, ама простото просто не може да биде проширено.
Секојдневно се докажува дека на Западот воопшто не му е гајле ниту за десница, ниту за левица, за либерализам во банкноти или за конзервативна национална стратегија.Се тоа беше и остана само Извештај кој се разгледува, препраќа и исмејувува.Во време на глобална инфодемија страда здравиот разум, страда обичниот ум…
Денес живееме во „инфодемија“, т.е. „наплив на погрешни и манипулативни информации”луѓето бараат излез од лавиринтот наречен Корона, која може да се разгледува од два аспекта.Првиот е македонскиот начин а вториот, методите на глобалната економија.Паралелно со ширењето на вирусот, почнаа да шираат и компјутерските т.е. комуникациските вируси, погрешни информации, насоки од најгоре, инфодемија и конспирациски теории на заговор.
Тоа е волјата на светските олигарси и верување во каприците демек огледало на боговите кои владеат со сè што е човечко.
Масовното ширење на вакви теории се јавува во моменти на хаос, конфузија, безредие, несигурност…и сето тоа доаѓа од највисоко ниво.Тука науката и здравиот разум не помагаат.
Тука паѓаат системи, општествени, политички… Конспирации се филозофија врз база на Библија, создавање на нова религија, нов начин на размислување, нов спектар на бои, ново општество, непрепознатливо за нас, нова матрица…е вака се обидуваат да ја пресечат врската меѓу логиката и смислата, создавајќи јаз помеѓу информациите и НЗС, крајната смисла.
Секогаш кога немаме основна слика за медицина, измислуваме нова, лажна, неиспитана шема, нова информација, нелогична…
Нема потреба од логика, наука и смисла ако имате до вас теоретичар на заговор.
Дали партиските полтрони се спремни да се откажат од ситните бенефиции а да не прашувам дали би оставиле душа на терен за општествено добро??
Кога победува едната се преструктуираат во очајната желба за парче повеќе политичка мок, некоја функција и степен погоре и понекоја залутана паричка, грантче или залутана донација!?
Ајде, негирајте ме?
А ако грешам простете и на мојата маленкост чунки јас за пари не се лажам и моето Его не признава цена?
На широките зелени ридја ги гледам невладините како копаат ровови спремни за уште еден сајбер напад на смартфоните. Интересен и смешен процес е ова владеењето кај Македонците?!
А допрва ке се дешаваат дешавки, ко што вели мој драг пријател, би рекол дека сите случајности воопшто не се случајни и дека случки ке се случуваат и понатаму.
Повеке би рекол триги-комични супстрати на научено напамет, потковано и набилдано со политички очај и лажен сјај на новокомпонирани млади бизнисмени со купени дипломи без абер за интелект.
Каде се индивидуите? Очајно ги барам, дали јас сум изгубен во толпата или тие се изгубени во индиферентноста?!Навистина, очајно ги барам.
И денес црните хроники се полни.Влегуваме во нова фаза, портокаловата, политичка…
Жарот полека згаснува а очајните души желни за троа млекце се местат околу дојките на администрацијата, чунки абер им се чинело од јабана за побрзо преструктуирање на работни места, нови тендери и нови огласи.
Младите кои беа порелигиозни испотени и забрефтани бараат нов сјај, нова надеж за власт, нова идеја а плукаат по стекнатото и знаење и шанса , како да не им е важно воопшто.Секогаш бараат повеќе и повеќе.
Зафрлени некои пак си ги бараат неискористените шанси додека останатите продолжуваат со шоуто.Да се вратиме на Играчите…тие останаа и таму и овде.Во една мрежа на агентури, поврзаност со години да се разбие еден систем на вредности, една милитантна политика, следена од највисоките структури на прекубара.Инструкции од правници, политиколози, економисти и разно-разни стратези се синтетизирани во една голема и преплатена операција да се обезглави Стара идеја за да се владее на раат со ,,Оазата на мирот”.
Пред неколку години и на дело започнува истата да се реализира.Колку ли наши блиски пријатели со кои сенвичот и кафето сме ги делеле правеле листи и списоци, колку ли ,,наши,, т.н., биле и ваму и таму.Колку ли финансии се отепаа од земање преку играчите на Голема ложа правно заглибени во своите вредности тие, Јуди на 21-от век.Ги распознавам по остриот мириз на продадено и ефтино човечко месо.Како волк во темна нок ги барам по осет за да бидам подалеку од нив, за да не се ставам во грев, како што вели еден наш познат македонски политичар, за да не ги изедам!?
А јагнињата трипати пржени, еднаш варени, на тивок оган, ни да умрат ни да живеат.Во матното ги препознале за да во бистрина почнат да живеат со крвта и потта на своите најблиски.
Вие ги избркавте Младите…
Парите да ги вратите!!
Капиталот!!
Гоце Љ. Марков-колумнист, Човек и Македонец