Лажен свештеник од Кочани растурал црни магии во Гостивар, полицијата го товари за измама

Полициски службеници на Одделенито за внатрешни работи Гостивар вчеравечер (5 декември) околу 22 часот и 40 минути, под сомнение за измама, го лишиле од слобода 37-годишниот Р.Л. од Кочани, соопшти СВР.

Кочанчанецот лажно претставувајќи се како свештено лице измамил 29-годишна жителка на гостиварско село и нејзината мајка, од кои се здобил со материјална корист. На мајката и ќерката им рекол дека за пари, ќе отстрани фрлени црни магии.

Р.Л. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира полицијата.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: