Лазаров: Силна економија дома, во нашата Општина

Почитувани сограѓани,

Развиени општини значат силна економија. Инвестициите од централната власт, стратешки ќе ги употребиме за нови работни места и за повисоки плати за секого, тука, во нашето место. Определбата за рамномерен локален економски развој е веќе препознатлив знак за Кочани.

Од презадолжена општина, преку домаќинско располагање со средствата, успеавме да создадеме услови за инвестирање подеднакво, и во градот и во населените места, што придонесува за подобрување на квлитетот на животот во целата Општина.

Економијата бележи историски раст на БДП од 13,1% во вториот квартал.  Просечната нето-плата во државата континуирано расте. Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината. Минимална плата е на ниво од 15194 денари, а со усвојувањето на интервентниот план за инвестиции во вкупен износ од 8,2 милијарди евра ги зголемуваме јавните и приватните инвестиции.

Нашата мисија е да се развиваат малите бизниси бидејќи нашето секојдневие е токму тоа – нашата локална економска приказна. Затоа, воведуваме Локален Економски форум преку кој директно ги слушаме потребите на малите фирми.  

На 17 октомври граѓаните одлучуваат дали ќе го изберат најдоброто кое носи силна економија во секоја општина, наспроти живот во заробени и задолжени општини.

Ви благодарам,

Ивица Лазаров,

Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата

Сподели: