Левица – Кочани: Општинарите подготвуваат нов колеж на дрвата низ градот

Една година по ЕДНОГЛАСНО изгласан заклучок на Советот на општина Кочани за изработка на Катастар на дрва со фитопатолошки здравствен картон за секое дрво на предлог даден од советничката на Левица, ваков катастар не постои, а општинарите се подготвуваат да касапат здрави дрва!

Во текот на вчерашниот ден сите дрва во околина на Тера маркет кај автобуската станица се одбележани за сечење. Откако граѓаните го видоа крваво црвеното С ишарано врз кората на дрвата реагираа до Левица ЛО Кочани. Ова беше причина советничката на Левица да постави советничко прашање на вчерашната седница. Градоначалникот како наредбодавач на активноста од говорница изјави дека не може да одговори и понуди да одговори писмено!

Синоќа видно вознемирена група граѓани се собра на споменатата локација со цел да испрати порака дека се подготвени да ги чуваат дрвата и дека нема да дозволат истите да бидат исечени, и покрај белегот на смртта со кој се означени- крваво црвено С врз кората!

📢Градоначалникот место да бара кое уште дрво да го исече, нека побара и најде локација за уредување градски парк бидејќи градот го изгуби паркот во налетот на нападот за дрвосек на претходниот градоначалник.

Сподели: