Летен базар на рачни изработки во Кочани

Дваесетина креативци од повеќе градови од Македонија денеска ги изложија своите изработки на Летниот базар на рачни изработки во Градскиот парк во Кочани.

Базарот е од продажен, промотивен и хуманитарен карактер и е  отворен  денес во периодот од 12 ч. до 20 ч. Граѓаните  можат да купат изработки  со што ќе ги поддржат креативците во нивните мали бизниси.

Освен продажен карактер, базарот има и хуманитарна цел за собирање средства за помош во лекувањето на сограѓанката Марија Стојкова.

 Летниот базар на рачни изработки е поддржан од Општина Кочани, во рамки на Летната културна програма 2021.

И. Матеничарски

Сподели: