На почетокот на новата учебна година, Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“, Полициската станица – Кочани и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата реализираат активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и на сообраќајната култура воопшто.
За таа цел, денеска на најфреквентните сообраќајници во Кочани, во близина на основните и на училишта, претставници од Полициската станица – Подрачно одделение за безбедност во сообраќајот – Кочани, внимаваа, им помагаа и со учениците делеа летоци на учесниците во сообраќајот.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов се придружи кон тимот учесници во активностите за побезбеден сообраќај, го поздрави учеството на учениците од сообраќајната струка во реализацијата на кампањата и повика на одговорно и безбедно однесување.
Летоците имаат едукативно-информативна содржина и во нив се упатуваат пораки за совесно учество во сообраќајот, а се наменети за сите учесници.
Активностите кои ќе продолжат до крајот на годинава, се дел од Кампањата за зајакнување на сообраќајната култура што ја реализира Општина Кочани преку Програмата за сообраќај и Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите.