Почитувани членови, симпатизари и подржувачи, почитувани, партиски членови на ИО и набљудувачи, немам зборови со кои можам да ви се заблагодарам за надчовечките напори вложени во целата кампања и во текот на изборниот ден! Неофицијално, резултатот е следниот:
Кочани, ВМРО ДПМНЕ 7171, СДС 7650, Левица 645…останати 706 глас!
Констатираме избори без јасен победник, иако владеачката партија, во Кочани, освои 479 гласови повеќе од листа на Коалицијата за обнова на Македонија, сепак имаме ситуација во која бројот на гласови на оние кои се против оваа власт се помногубројни од подржувачите на Заев!(+1351)
Ова е скапо платена лекција за тоа дека мора да престанат меѓусебните обвинувања во опозицијата и потребата од обедининување, во спротивно ќе имаме автократска власт подржана од малцинството!
Ништо не е изгубено, влегуваме во трка за формирање на влада, борбата продолжува!
Сакам да и го честитам мандатот на противкандидатката од коалицијата од СДС, Марија Ангелова и да и посакам успешна работа, и да и порачам дека во парламент нема бегање од дебата таму нема криење позади партиски соопштенија полни со лични навреди, ама не боли кога знаеш дека доаѓаат од исплашени функционери!
Останете силни,во парламент продолжува борбата,за правда,за подобро утре, за народот, за Македонија!