Лефков: Директорот на ЦЈЗ во епизодата “Како СДС планира да ја опљачка Македонија

Баба ми викаше синко знаеш ли што е непрокопсан човек? Тоа ти е човек кој тепа и вика олеле!
Во кратки црти тоа е настапот на Гоце Серафимов и настапот на СДСМ- “тепај и викај олеле”!?
Планирате да не задолжите за 1.2 милијарди евра, ја уништивте економијата, имаме највисока стапка на смртност во регионот, во Кочани медиумите не ги пренесуваат седниците, не се пренесуваат комисии, не знаеме кои згради ќе се рушат, кое земјиште е пренаменето, не знаеме кој пие а кој плаќа-ТЕПАЈ директоре и викај:

“Скопјееее двеиљадии и четрнајстааа!”

Директорот е конфузен уште во самиот почеток, напишал:”Миле Лефков во ек на криза…”, односно сам признава дека ја кризата со Ковид 19, не само што не е помината, туку е во својот ек, а парадоксално гарантира 100% за безбедноста на избори!
Еве прашувам:
Ако е толку лесно да се гарантира за безбедноста на избирачки места со над 1.000 гласачи, зошто не го сторивте истото за угостителите, за бутикџиите, за другите услужни дејности кои трпат штети повеќе од 80 дена?
Угостителскиот сектор брои 33.000 вработени, дали Вие се информиравте колку келнери, шанкери и готвачи останаа без работа во Кочани?
Зошто како директор на ЦЈЗ не гарантиравте за нив, или тоа не ве интересира?
Локалните медиуми ги шиканиравте со цел финансиски да ги уништите, лесно е, ако нема медиуми, нема кој да пренесува и да поставува прашања нели?
А снимањето на седници од граѓаните е забрането! На прашање на нашите советници дали е дозволено да ја снимаат седницата е одговорено дека тоа се коси со законот и претставува “неовластено снимање”, тоа ви го тврдам со сигурност, не го зборувам како Вас-на памет!
Ако не верувате прашајте го претседателот на совет, впрочем стојат записниците како аргумент, ама Вие очигледно сте неинформирани, не ви наоѓам мана, нема пренос не сте можеле да го видите!
И за крај катастрофата на денот, го споредувате гласањето со маркет, невидено несреќна и лоша изјава ама очекувано кога имате кандидатка која дели брашно и зејтин!

Катастрофален настап директоре, катастрофа, поштедете се во иднина од вакви срамови!

Со почит,
Миле Лефков
Претседател на ОК на
ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: