Лефков: Мила Царовска со наконтен пресс несакајки покажа како НЕ функционира образованието во Македонија, и во Кочани!

Вчера токму овде во Кочани министерот за образование Мила Царовска со наконтен пресс несакајки покажа како НЕ функционира образованието во Македонија, и во Кочани!

Одржа наконтена прес конференција за која општината ја демонтира советничката говорница и ја донесе во дворот на “Кирил и Методиј”, новинарите сами си донесоа камери, микрофони и сталаци.
Медиумите сами ја монтираа снимката на сопствени компјутери, а за министерката остана само да се грижи за сопствениот “стајлинг” пресс ист како образованието кое таа го организира!
Родителите сами обезбедуваат простор каде детето ќе ја следи наставата, сами набавуваат микрофони, веб камери и интернет, наставниците сами си обезбедуваат опрема…

Нема простор за наконтени прес конференции министерка на која:

  1. 10% од учениците и немаат можност за следење на онлајн настава.

Нема простор затоа што тој министер е дел од Владата која не се ни обидува да им обезбеди услови. МОН цел месец само врши пребројување (преку училиштата) на учениците кои не ја следат наставата.

Нема простор за прес конференција министерка која го укина концептот на бесплатно образование!

2.Компјутерите и опремата на која работат учениците е набавена токму од нивните родители а на некои ученици им е донирана од приватниот сектор!

  1. Наставниот кадар не е комплетно опремен со лаптоп и стабилен Интернет.
    Во речиси сите училишта во Кочани, поради нестабилната Интернет врска, на наставниците им е понудена опција часовите да ги држат од дома, на сопствени лаптопи и Интернет конекција!

А дел од опремата кои наставнниците го користат е всушност опрема , која училиштата ја обезбедиле за настава по практична настава, по информатика, за настава по техничко цртање т.е.опрема наменета за користење од страна на учениците ама сега истат ја користат за наставниците да држат он лајн настава!
Што значи министерството ја одземало оваа опрема од учениците и ја користи за наставниците за кои министерката има обврска да им обезбеди соодветна опрема!

  1. Националната платформа која на големо беше најавувана како да станува збор за вселенска програма, сеуште не функционира, и според кажувањата на МОН тоа скоро нема да се случи. Целата настава се изведува преку Microsoft Teams, што е недоволно за спроведување на онлајн настава. (Наставниците решаваат задачи на лист и им ги покажуваат листовите на учениците)
  2. Критериуми за оценување – дури во понеделник објавени, недоволно јасни, без конкретни и усогласени решенија на она како реално се изведува наставата!
  3. Сеуште не се објавени дел од скратените наставни програма за стручните предмети, а се објавени делумно само за општообразовните. Од друга страна, службите во училиштата бараат од наставниците да достават глобални и тематски планирања.

Образованието, за жал, во моментов е оставено само на себе односно на способноста за самопрганизација на наставниците, родителите, учениците и на чувството за општествена одговорност на дел од приватниот сектор кои донираат опрема!

(да се има у предвид дека странската инвестиција Амфенол токму вчера, за нивниот роденден додели голем број на ИТ опрема за учениците)

Благодарност за упорноста и посветеноста на сите нив!

Мила Царовска нема место за наконтени и безначајни прес конференции, затоа што образованието не функционира!

Сподели: