Лефков: На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија

„На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани“. Вака се пожали денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој оддржа кратка прес-конференција пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. Според пратеникот, канцеларијата била „провалнички разбиена“.

-Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност. Овие методи не ви поминуваат повеќе! Македонија повторно твоја, порача Лефков за инцидентот во Кочани.

Сподели: