Почитувани,
Во денешниот пресс со наслов:
“Нема место за наконтени пресови министер кој го укина концептот на бесплатно образование!”
Ниту ја имам споменато ОО на СДСМ од Кочани, ниту пак барам некаков одговор од нив во врска со споменатата тема!
Со целосна почит за обидот за политизација, но сепак ОО на СДСМ од Кочани ниту е повикана, ниту стручна, а најмалку од се е надлежна да одговара за прашања од областа на работењето на Министерот за Образование и Наука!
Со ваквиот одговор ОО директно ја политизира темата која во овој момент не го заслужува тоа-образованието! Министерот за Образование треба да биде министер на сите граѓани, а доколку министерот(Мила Царовска) смета дека имам изнесено една невистина нека ме демантира слободно, или јавно да воведе пракса комуникацијата со МОН да оди преку ОО додека таа е министерка!
Во врска со вашето прашање, упатено директно до мене, со текст:
“доколку пратеникот е искрен нека одговори дали одржал повеќе од еден ден ИКТ часови со користење на компјутерите?”
Ве известувам дека во мојата работа како наставник, заедно со учениците најредовно ја користев ИКТ наставата!
Достапни се повеќе подкастови (podcast) со наслов “Лекции по право” достапни на spotify, ancor.fm, google podcast истото можете да го проверите со пребарување на овие платформи. На страната на wixsite од 2015 имам страница за подршка при користење на ИКТ со наслов
На која што страница имав достапни материјали за оценувањето, часовите и наставната материја. Ако пребарате на youtube ќе најдете видеа за темите/чекции “Стечај”, “Правни факти”, “Белези на државата” и тн.
Во секој случај за тоа колку ИКТ имам користено можат да кажат генерациите со кои имав чест да работам!
Ако како Општинска Организација на партија на власт сакате да помогнете, требаше да лобирате кај вашите пратеници во Собранието да дадат подршка на амандманите со кои предложивме МОН да набави опрема за учениците, ама за жал тие гласаа против.
Со почит,
Пратеник во Собранието на Република Македонија и еден од подносителите на амандман со кој се предвидуваше обврска за МОН да набави опрема за учениците, Миле Лефков