Дали за 88 новозаразени од денеска важи слоганот на Марија Ангелова “изборите се решение”?
Вчера секретарот на ОО и кандидат на СДС Марија Ангелова излезе со став дека “изборите се решение” и излезе со датум за избори 5 јули, пред една недела Зоран Заев категорично излезе со датумот 21 јуни!
Само вчера во Македонија се регистрираа 62 заболени и 2 починати, За 6 дена 228 заболени и 20 починати. Денеска има 88 заболени и 6 починати! Дали на овие луѓе им се обраќа Марија Ангелова кога вели изборите не се проблем туку решение на проблемот?
Ако изборите се закажеа за 21 јуни, денес ќе беше прв ден на изборна кампања… Го кажувам ова, за кога ќе ја слушнете бројката денес, да знаете колку е лудо да се мисли на политика… Најскандалозно е дека пресот со кој Марија дава датум за избори дојде непосредно по веста дека потпретседателот на СДС Зекири е позитивен.
Денеска гледаме дека поради заеднички состаноци во самоизолација се Мила Царовска и Дамјан Манчевски, само Марија и раководството на СДС во Кочани молчат за можните контакти!
Раководството на ОО во Кочани да излезе со информација дали се тестирани и дали имале контакти со раководството на СДС! Иако водеа кампања и делеа рекламен материјал во градскиот парк, правилно е да се признае грешката и ако сте имале состаноци за тоа треба да ги предупредите и граѓаните и вашите соработници!
Несмеете да го жртвувате Кочани!
Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани Миле Лефков