Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски и градоначалникот Коцев извршија увид во градежните активности во Зрновци

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Зрновци, каде изврши увид на градежни активности во општината.

Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, при посетата го запозна со проектите кои се реализираат во Зрновци и населените места.

– Извршивме увид на неколку локации каде што во општина Зрновци се одвиваат градежни активности односно пристапен пат на земјоделски земјишта, проект во висина 1 700 000 денари, финансиска конструкција од 1 000 000 обезбедени од Агенцијата зафинасиска поддршка на земјоделие и рурален развој. Моментално се наоѓаме на местото каде што се одвиваат градежни активности, изработка, градење на помошни канали за наводнување, Виничка Вада во должина од 1650 метри. Проектот опфаќа и изградба на Морушка Вада во должина од 850 метри, изградба на три каскади. Овие претставуваат проекти од витално значење за општина Зрновци со кое што се наводнува со поголема количина и динамика некаде околу 300 хектари површина за земјоделците. Паралелно на ова денес или во текот на утрешниот ден воведуваме во работа економски оператор за изградба на резервоар за водоснабдување во село Зрновци од 60 кубика, проект во висина од 2 000 000 денари обезбедени средства од Бирото за развој. Овде на ова место каде што се наоѓаме проектот е 9 500 000 денари и плус дополнително обезбедени средства од 1 800 000 денари од буџетот на општина Зрновци, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Градоначалникот Коцев рече дека во текот на 2023 година во патната инфраструктура општина Зрновци ќе се реализираат со програмата изградба на локални патишта и улици во висина од 25 000 000 денари, средства обезбедени од Светска банка преку Министерство за транспорт и врски ќе биде реализација на проектот, опфаќа локален пат, стар штипски пат Мородис Зрновци и локален пат Видовиште-Друма, локален пат Мородис -гробишта и улици во село Зрновци Филе Ристов и Никола Карев заедно со целокупна кружно заокружување дополнителни 130 метра.

– Во делот на младите исто така општина Зрновци подготвува 10 млади личности кои што текотна мај месец ќе бидат испратени во Република Полска заедно со свои врсници од 3-4 европски земји каде што ќе биде општина Зрновци претставена на еден начин и заедно тоа ќе биде чекор за продолжување на соработка на општина Зрновци со тие европски општини, донесување на стратешки план за аплицирање на европските фондови, соопшти Коцев.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја поздрави иницијативата за развој на Зрновци при што додаде дека најголем дел од предвидените проекти од програмата на градоначалникот Коцев се реализираат или се во подготовки.

– Сакам да му честитам на Борче, на тимот во општината, на советниците, на луѓето кои што се дел од администрацијата затоа што само посветено, храбро, чесно пред се, тоа е многу важно, чесно пред се да покажеме дека не сме сите исти, додека овие во владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ гледате како на дневна основа местат тендери во четири очи. Во општини помали во Македонија како што е еве, да речеме, Општина Зрновци сепак со едно храбро, посветено и чесно работење и невозможното може да стане возможно, односно да се градат милионски проекти, се разбира, кои што значат само додадена вредност во квалитетот на живот на луѓето од Општина Зрновци.Во оној неформален дел од прошетката низ овие проекти сретнавме многу мештани кои што го изразуваат своето задоволство од сработеното. Има ниви кои што во минатото не биле изорани, не биле обработени затоа што немале достап до вода, а сега со овие инвестиции веќе и тоа станува возможно, така што би се зголемило производството на земјоделски производи, а со тоа ќе се зголемат и доходите на поголем број семејства од овде, од Општина Зрновци па и од регионот, истакна Мицкоски.

Посетата е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, „Промените на дело“.

Фото: A. Арсов

Сподели: