Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ги дочека сите медиуми во Кочани

Дел од медиумите од Кочани останаа без најавената изјава од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, која беше закажана за 14:30 часот пред конфекцијата „АЛЕКС“ во Кочани, од страна на Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Лидерот на ВМРО –ДПМНЕ при посетата на Кочани, не ги дочека сите новинари, а својата изјава ја даде само за еден медиум, кој за среќа пристигнал порано на местото на настанот.

Овој пропуст во протоколот на организаторот не оди во прилог на никој,  бидејки изјавата за медиумите беше планирана да започне во 14:30 часот , а во тоа време, истата веќе беше завршена.

Интернет порталот glasno.mk  согласно професионалните новинарски стандарди ги известува своите читатели дека веста за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски нема да биде пренесена.

Согласно добрите практики, редакцијата на glasno.mk очекува одговор од страна на Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани за настанатиот пропуст.

И.Матеничарски

А.Арсов

Сподели: