Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3 Игор Јанушев , денеска престојуваат во Кочани, каде пред граѓаните ќе ја презентираат својата програма за Обнова на Македонија.
На почетокот тие остварија средба со граѓаните во Градскиот парк во Кочани, а оттаму продолжија на средба со жителите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.
- Во Кочани и Кочанско најмногу доминира интересот поврзан со земојоделието, редовната исплата на субвенциите, навремениот откуп, откупот по прифатлива цена за земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ планира во програмата минимум 640 милиони евра за земјоделците во четиригодишниот мандат, обновување на водоводната инфраструктура во делот на наводнувањето на земјоделските насади. Цениме дека ќе бидеме убедливи победници на изборите кои ќе се случат на 15-јули. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Кочани да излезат масовно, почитувајки ги мерките за заштита на здравјето, затоа што само така може да се порази оваа тригодишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ .
Во агендата предвидена за денеска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со почеток од 20:30 часот ќе одржи трибина со граѓаните во Градскиот парк во Кочани.
И.Матеничаркси
Фото: А.Арсов