„Лидер на струката“ – најуспешни учениците од електротехничката струка при „Гошо Викентиев“

Учениците од СОУ„Гошо Викентиев“ постигнаа солидни резултати на Државниот натпревар „Лидер на струката“ што во петокот се оддржа во кочанското стручно училиште.

Најуспешни според резултатите беа учениците од електортехничката струка.  Александра Ташкова од 4м2 клас го освои првото место за профилот Техничар за компјутерско управување, додека Дејвид Митевски од 4е2 беше второпласиран за профилот Електротехничар за електорника и телекомуникации.  Трето место освои Марко Петров од 4е3 клас за профилот Електотехничар за компјутерска техника и автоматика. Бобан Анакиев од профилот електротехничар енергетичар освои петто место.

Исто така второ место освои и Ана Златкова од 4с за профилот Техничар за транспорт и шпедиција.

На натпреварот учествуваа средношколци од 15 стручни училишта кои се натпреваруваа за лидер на машинската, електротехничката и сообраќајната струка.

Натпреварот се реализираше со поддршка на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование и обука.

И.Матеничарски

Сподели: