Ликовен конкурс „Флора и Фауна“ – Прво и второ место за Николиа Манева и Јована Давитковска

Николиа Манева и Јована Давитковска се добитници на дипломи за освоени прво и второ место на ликовен конкурс на тема „Флора и Фауна” 2022 година организиран од Детски ликовен центар -Скопје.

Првото место е за Јована Давитковска а второ место за Николиа Манева.

Јована Давитковска и Николиа Манева се активни членови на училиштето за цртање и сликање „Бели мугри“ -Кочани под менторство на м-р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.

Училиште за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани

Сподели: