Литературно читање на „Копнеж“ по повод 8 Март

Членовите на Литературниот клуб „Копнеж“ – Кочани денеска во просториите на ЈОУБ „Искра“ Кочани се претставија со традиционално литературно читање по повод Меѓународниот ден на жената,  8 Март.

Пред публиката бешe рецитирана поезија, лични творби на членовите на „Копнеж“ со тематика за жената и нејзиното значење во општеството.

Литературното читање на членовите на „Копнеж“ е традиционален осмомартовски културен настан преку кој се вреднува и искажува почит на припадничките од понежниот пол.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани по повод празникот на жената реализираше низа културни настани. Осмомартовската програма изминативе денови беше збогатена со еднодневен саем на издавачката куќа „Сакам книги“, промоција на книги од роднокрајни автори, изложба на рачни изработки и тематско литературно читање.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: