Литературно читање на ЛК „Копнеж“ по повод празниците Св. Трифун и Св. Валентајн

По повод празникот на лозарите и љубовта, Св. Трифун и Св. Валентајн, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во соработка со Литературниот клуб „Копнеж“ денеска во просториите на библиотеката организираа литературно читање.

На скромната манифестација, членовите на ЛК „Копнеж“ читаа поезија, проза и афоризми во чест на одбележување на двата празника.

– Традиционално библиотеката „Искра“ секоја година го одбележува 14-ти февруари, празниците Св. Трифун и Св. Валентајн. На литературното читање учествуваат членовите на ЛК „Копнеж“ со свои творби, со читање поезија, проза, афоризми и изложени карикатури. Денешната активност всушност е почеток на зацртаните програмски активности кои ги планира библиотеката во текот на целата календарска година, истакна Коце Коцев, директор на „Искра“.

Од библиотеката „Искра“ најавија дека течат подготовките за одбележување на 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што библиотеката традиционално го одбележува преку низа активности и манифестација по тој повод.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: