Прв случај на заразен со коронавирус е регистриран во Кочани, соопшти Министерот за здравство Венко Филипче, на попладневниот брифинг со новинарите.
Станува збор за маж од Кочани на четириесетгодишна возраст, кој со симптоми на коронавирус се пријавил за тестирање, по што следувал позитивен резултат. Лицето е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Засега е непознато како го добил вирусот, а во тек се епидемиолошки анкети со цел да се утврадат лицата со кои остварил контакти.
Од Министерството за здраство апелират да се почитуваат препораки на надлежните , да се одржувал лична хигиена, често и темелно миење на раци и нивна дезинфекција како и избегнување на групни собири на граѓаните.
Ова е прв регистриран случај на коронавирус во Кочани, а вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во Македонија е 354 лица.
И.Матеничарски