Лице од Теранци неовластено поседувало калашников и муниција, заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(34) од с.Теранци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 04.07.2020 во с.Теранци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рамка за автоматска пушка „калашников АК-47“ со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми маневарска муниција со калибар 7,62х 39 мм, кои неовластено ги набавил и држел кај себе.

Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial