Лице од Теранци неовластено поседувало рамка и муниција за калашников, заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(34) од с.Теранци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 04.07.2020 во с.Теранци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рамка за автоматска пушка „калашников АК-47“ со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми маневарска муниција со калибар 7,62х 39 мм, кои неовластено ги набавил и држел кај себе.

Извор: Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial