ЛК „Копнеж“ – Литературно читање по повод Денот на жената, 8 Март

Членовите на ЛК „Конпнеж“ – Кочани денеска во просториите на библиотеката „Искра“ организираа литературно читање по повод Меѓународниот ден на жената 8 – ми Март.

На литературното читање беше промовиран билтен со песни од роднокрајни автори кој излегува од печат секоја година по повод празникот. Во него се поместени околу четириесетина песни на теми поврзани со жената и нејзината улога во општеството.

– По повод празнувањето на Денот на жената, 8 – ми Март, ЛК „Копнеж“, традиционално подготвува билтен со литературни творби од роднокрајни автори. По тој повод денес ќе се прочитаат литературните творби. ЛК „Копнеж“ и го честита празникот на сите граѓанки на Кочани и на сите припаднички на понежниот пол, истакна Ивана Атанасова, претседателка на ЛК „Копнеж“ – Кочани.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: