ЛМС – Кочани спроведе работилница за кариерно советување за учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“

Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со Здужението на граѓани „Младите Можат“ денеска реализираа тричасовна работилница за кариерно советување за учениците – матуранти од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“.

На работилницата матурантите преку практични примери и вежби добија насоки за правилен избор на својата професија и кариерно унапредување.

Работилницата ја спроведоа интернационално сертифициран GCDF Кариерен советник Славица Тасева од Асоцијација на Советници за Кариера (АСК) и помошник тренер Никица Манџуковски.

Сесијата е дел од годинешната програма за работа на Локалниот младински Совет на Општина Кочани.

ЛМС – Кочани

Сподели: