Локалниот пат од Виница до Јакимово ќе добие нов асфалт

Продолжуваат градежните активности со асфалтирање на улиците во градот Виница и населените места за што општината издвои 13 милиони денари средства од сопствениот буџет.

Според градоначалникот на Виница реконструкцијата на патниот правец Виница – Јакимово се одвива во планираната динамика.

“Општина Виница продолжува со градежните активности во градот и населените места. Еве денес привршува асфалтирањето на патот Виница-Јакимово, со втор слој асфалт се обновува локалниот пат од Бојаџиски Бунар до мостот пред село Јкаимово. Истиот е со должина од 806 метри, а вкупната инвестиција овде е околу 3 милиони денари. Паралелно со асфалтирањето ќе биде уреден и паркингот покрај Здравствен дом“, рече градоначалникот Ивица Димитров.

Ова е една од најфрекфентните сообраќајници во градот, пред се заради локацијата на Здравствениот дом и бензиската пумпа, а честопати се користи и како пешачка зона на виничани.

Сподели: