Магдалена Кочовска Салтирова од „Искра“ доби признание за Библиотекар на годината

Под мотото ,,Споделување на добри практики во библиотечната дејност” во склоп на манифестацијата „Средба под јаворите“ во Струмица се одржа манифестација на која беа доделени признанија за библиотекар на годината ,,Павлина Цунева Маказлиева”.

Признанието за особени достигнувања во библиотекарството и информациската дејност во Одделението за зајмување, услуги и информации за деца во јавните библиотеки го доби Виш библиотекар Магдалена Кочовска Салтирова, вработена во ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани.

Благодарница за особени достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност во унапредувањето на условите и начините за работа во училишните библиотеки по пат на креативни промотивни активности  и беше доделено на Љупка Стојменова вработена во ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

На советувањето  свое обраќање имаа професионални излагачи кои зборуваа на корисни теми со цел што повеќе да се унапреди библиотечната дејност.

Сподели: