Македонското наспроти материјалното…

Прогресијата во македонизмот почнува од раѓање. Тоа е процес на воспитување, сакање, љубење на Родината,на грутката…

Првите зборови се Мама, мајка, мајковина, Македонија… 

Во држава составена од 6 републики и 2 покраини, наречена СФРЈ ние пораснавме но за среќа и со помош на мои вујковци од мали нозе имав пристап до македонската историја, книжевност, борба, писменост… 

Потоа учевме српско-хрватски. Да, учевме…

Но и наставникот знаеше потсвесно дела тоа е второто место и дека македонскиот е светлост, бела ноќ во црниот ни ден!? Натпревари, македонистика, шарени книги и бит и фолклор не порасна.Отидовме да ги осознаеме медицинските науки и анатомијата на јазикот, костурот на македонштината…

 И упорно читав и читав, буквално се за макединските просветители, револуционери и дејци(а само што префрливме 14 лета)Таа страст за своината, за стоицизмот и за двигателите на просветната мисла премина во опсесија. Веќе со 18 лета го откривме закопаниот гроб на еден јазик постар од староцрковнословенскиот… со помош на еден актер од професор почнав еден роман кој сеуште го пишувам.

Романот се вика Македонија(Фала ти почитуван проф. Мито Миовски). Теоријата на литературата ја запознав преку кавга со најголемиот левичар за тоа време(и двајцата бевме изненадени, тој од мојата интелектуална дрскост а јас затоа што не ме казни и положив со 9 и 10),, Фала ти и тебе, Вангелов!!” Имаше едни протести во лето Божје кога се започна со еден нож во грб на мекедонизмот. Тоа беа протести кога излегов со крената глава против сите кои беа против моето царство, против Јазикот наш насушен.. Тие 97-ма и 98-ма ги помнам како сон!

Само една фотографија, на еден силен ветер пред Студенсткиот Гоце Делчев, заедно со цимерот Перо Петар Трајков од Струмица, јас во зелена монтка а тој во кожено палто. Заедно со колегата Ивица Антексиден интелект од Гостивар дојден во Ск по мудрост бевме потписници на првите два состанока на Оние кои беа организатори на таа Собиранка од која после многу години многу се офајдиха а вистинските срца беа скромни, благородни и човечни.Имаше,, Лоза” кога ја закроивме со интелекти од типот на еден Шамбевски-Оливер Шамбевски.


… Беа тоа времиња на креатива, на авангарда ама онаа вистинската, не Шарена и Пленумска и нарачана оо Али Експрес. 2001-та гледајќи што се случува ОДЛУЧИВ да се пријавам таму каде треба!!За тоа толку беше муабетот.Ниту мајка ниту татко послушав, но одлучив…Бев, видов и се вратив… Фала му на Бога!! 9 месеци јас , 18 таткоми и 2 години дедо ми?!Сега воениот рок е укинат, сега НАТО не брани!Од кого? Е тоа стварно не знам?!Знам дека тие што ни сменија име, Устав, Е, и тие не бранеле со авиони?!44 скоро, Лета Господови и се помалку знам за Македонија! 

Два Референдума поминав, едниот бев за отцепување на Македонија од творбата Југославија а вториот го Бојкотирав.18 години после мојата духовна трансформација ги бранам црвено-црните бои а веќе и не знам од кого??Од Комшиите, од Левите, од црнокошулците или од Своите??Последното излезе најголема Борба!!За да се запознаеме со Македонија треба да се откажете од материјалната корист?!Можете ли?Прашање за сите?! Кога ќе можете, Е тогаш ќе ви верувам во искрената Љубов кон Македонија.А се дотогаш сте само капка солза во моите очи гледани преку стакло, преку дурбин, во далечина правите Држава (или Ви прават).А на терен правиме територија.. 

Да, да, онаква територија каква што бевме до 1913-та кога беше поделена МАКЕДОНИЈА на Пиринска, Егејска и Вардарска…Да не се заборави, учете ги децата свои на вистинската историја. Оти ако не знаат кои се и што се, нема да знаат и каде тераат…Баш како Овие сега. 

П. С. Денес Македонија е пак пред истиот предизвик…Ама тоа сме ние, Македонците!!Сами ќе се изедеме, сами ќе се самоотуѓиме, сами ќе се уништиме…Мислете, оти никогаш не е доцна.

Гоце Марков

10.08.2020

Сподели: