Почитувани сограѓани,
Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. Комуналната инфраструктура останува во фокусот.
Со политика на рамномерен локален развој, ја подобруваме сообраќајната инфраструктура и во градот и во населените места. Изградивме повеќе од 50 км улици и патишта, вложивме повеќе од 9 милиони евра!Продолжуваме да градиме!
Ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкцијата на улиците, локалните и полски патишта.
Овде, на ова место каде што сме сега, во Белско Маало ги изградивме:
ул. „Васил Главинов“, „Кирил и Методиj“, „Димитрија Лазаров“;
канализациска мрежа, тротоари, потпорни ѕидови, нов детски парк; нова пешачка зона од Кочани до село Бели… Токму ова место е пример како една микро локација може да се уреди.
А, ни претстои: изградба на ул. „Јордан Зафиров“; поврзување на ул. „Велин Стоилов“ и „Марко Цепенков“; реконструкција на ул.„Бел камен“; парк и игралиште на улицата „Кирил и Методиј“ …
Ни претстојат проекти низ целата наша општина. Веќе завршените, говорат за нашата посветеност и отчетност!
Затоа на 17 октомври, да го заокружиме бројот 12 , да ја дадеме нашата поддршка на кандидатот за градоначалник Николчо Илијев и носителот на советничката листа др.Томе Солевски затоа што тоа е најдоброто за нашата општина!
Ви благодарам,
Ивана Максимова
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата