Манасиев стартува 19-ти по ред на ридско-брзинската трка „Пониква 2“

Во рамки на ридско-брзинскиот шампионат на Македонија, денеска на патеката кон „Пониква“ се возеше слободна тренинг сесија, во пресрет на утрешната ридско-брзинска трка „Пониква 2“.

Кочанскиот автомобилист Дејан  Манасиев имаше успешен тренинг, а патеката долга 5,91км. ја помина за 3:41.38 стотинки, односно за 8 секунди побрзо од претходната трка и заврши како втор во својата класа, Е-1 до 2000 кубни сантиметри и трет во генералниот пласман. Согласно официјалната  стартна листа, Манасиев утре ќе настапи 19-ти по ред.

На патеката кон „Пониква“ на утрешната ридско-брзинска трка ќе настапат 29 автомбилисти од цела Македонија, распоредени во 6 натпреварувачки класи.

Стартот на трката е планиран за во 12:00ч. од Градската депонија со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.

Трката е во организација на клубовите „Про Спорт“ и АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

Патниот правец кон СРЦ „Пониква“ ќе биде затворен за сообраќај  во периодот од 11:00 до 16:00ч.

И. Матеничарски

Сподели: