Марија Анакиева прогласена за првенец на генерацијата 2016-2020 во СОУ„Гошо Викенитев“ Кочани

СОУ„Гошо Викенитев“ денес и официјално ги прогласи најдобрите ученици во генерацијата 2016-2020.

Одговорните во училиштето ги избраа  најдобрите ученици по струки за генерацијата 2016-2020 кои  го завршија своето средно образование како и севкупно првенецот на генерацијата. 

Најдобрите ученици по струки се трите ученички кои во текот на четиригодишното образование покажаа најдобар успех, најдобро поведение, учествуваа на државни натпревари и други воннаставни активности.


Марија Анакиева 4е3 клас е ученикот на генерацијата во електротехничката струка која воедно го понесе и признанието „Првенец  на генерацијата 2016-2020 за сите струки“.  Александра Ташкова 4м2 клас е ученикот на генерацијата во машинската струка а додека Сандра Димитрова 4с клас е ученикот на генерацијата во сообраќајната струка.

На свеченоста што се одржа денес директорот на училиштето и нивните класни раководители им честитаа на најдобрите ученици и им посакаа голем успех во понатамошното школување и во животот.

„Оваа година сум горда што сум избрана за првенец на генерацијата и од електротехничката струка и воопшто за сите струки. Успехот го постигнав со многу учење и учество на државни натпревари. Годините во ова училиште поминаа одлично,  завршив смер „Електротротехничар за компјутерска  техника и автоматика“ и на таа струка ќе продолжам и на факултет, рече  Марија Анакиева, првенец  на генерацијата во СОУ „Гошо Викентиев“.

„Да ја искористам приликата да ги поздравам матурантите и да им честитам матура, посебно на овие најдобрите  ученици  и лидери во своите струки и на ученикот на генерацијата. Им посакувам се најубаво во животот и верувам дека со многу вложена работа резултатите се неминовни. Им посакувам многу среќа и љубов на сите ученици и верувам дека ќе се чувствувате како победници“, рече  Гоце Савев, директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

Од ова училиште  секогаш  излегувале ученици кои понатаму се  успешни граѓани со кои се гордее училишната установа и градот Кочани. СОУ „Гошо Викентиев“  секоја година ги прогласува најдобрите ученици на генерацијата за секоја  струка одделно како и ученик на генерацијата за целото училиште, а со тоа покажува дека го вреднува трудот и знаењето на учениците.

И.Матеничарски

Сподели: