Марија Ангелова се најде на листата на пратеници од Кочани во Изборната единица 3, од редовите на владеачката СДСМ . На конгресот што се одржа вчера во Скопје, Ангелова беше промовирана на осмата позиција на кандидатската листа. Марија Ангелова е правник по професија и раководител на ПЕ на Фондот за здравство во Кочани.
Носител на листата во ИЕ3 е генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, додека на втората позиција се наоѓа актуелната пратеничката од Берово, Јагода Шахпаска.
Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани сеуште нема официјални информации за тоа кој ќе биде нивниот избор за пратеник, но се очекува деновиве и тие да го промовираат својот кандидат.
И.Матеничарски