Маркетот „Кај Тоше“ – пример за хуманост и солидарност

Сопствениците на маркетот „Кај Тоше“ покажаа вистински пример за хуманост и општествена грижа за време на  вчерашните големи пожарите кои го зафатија Кочани.

За време на големата огнена стихија над Кочани, Тркање и Бели сите граѓани кои одеа на помош кон опожарените подрачја, од маркетот „Кај Тоше“ можеа да земат пакети со вода бесплатно за себе, но и за сите служби и месно население кои се наоѓаа во првите борбени линии на огнот.

-Овој гест е за сите наши сограѓани- херои кои се бореа против стихијата. Сите граѓани кои поминуваа откај маркетот бесплатно им дававме пакети со флаширана вода која ја дистрибуираа онаму каде што беше потребна, на луѓето кои цел ден и цела вечер беа на првите линии на огнот. Поделивме повеќе од 400 пакети со флаширана вода, никој не беше вратен и сите кои побараа вода бесплатно беа услужени, истакна Ангел Данилов, од маркетот „Кај Тоше“.

Хуманиот гест на маркетот „Кај Тоше“ нека биде пример за сите поголеми компании во време на вакви или слични ситуации да ја покажат својата хуманост и општествена одговорност.

И. Матеничарски

Сподели: