Мартина Шахинова е најдобар спортист на Кочани за 2019 година – КК „Партизан“ најдобра екипа

Каратистката Мартина Шахинова од карате клубот „Партизан“ Кочани  е избрана за спортист на  Кочани за 2019 година.  Изборот го направија новинарите од локалните медиуми од Кочани, врз основ на успесите на младата каратистка во минатата година.

На втората позиција, според бројот на гласови се најде Горги Петров, клупски колега на Шахинова, додека Стојан Анастасов од гимнастичкиот клуб „Кочани“ беше треторангиран.

Членовите на карате клубот „Партизан“ оваа година се покажаа најуспешни со вкупно пет признанија. Поради ова карате клубот „Партизан“ беше избран за најдобра екипа за 2019 година, а каратистот Оливер Коцев како предводник на клубот, се закити со епитетот најдобар тренер.

Во конкуренцијата најдобар млад спортист на Кочани за 2019 година беше избран каратистот Филип Стојанов, исто така од КК „Партизан“, додека признанието за најдобар спортски работник му припадна на Драганчо Димитров, претседател на Судскиот актив при ОФС „Кочани“.

Манифестацијата за доделување на наградите и признанијата на најуспешените спортисти за 2019 година планирана е да се одржи во текот на идната седмица.

И.Матеничарски

Сподели: