Во организација на Карате федерацијата на Македонија, вчера во арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа мини свеченост на која беа доделени признанијата на најупешните каратисти, тренери и клубови во изминатата 2020 година.
Каратистката Мартина Шахинова од Карате клубот „Партизан“- Кочани го доби признанието за 3-та најуспешна јуниорка за 2020 година во Македонија. Признанието на Шахинова се должи на пласманот и учеството на Европскиот шампионат во карате што се оддржа минатата година во Будимпешта (Р. Унгарија).
Поради пандемијата со Ковид-19 минатата година одложени беа голем број на натпреварувања на домашната и меѓународна карате сцена. Шахинова е оптимист дека годинава ќе биде поголем предизвик за неа, за што напорно тренира и ја одржува својата форма. За успехот на талентираната каратистка признание треба да им се оддаде и на нејзините тренери, Оливер Коцев и Јорданчо Петров од КК „Партизан“ – Кочани.
Плодните успесите на каратистката Шахинова беа признаени и со наградата за спортист на Кочани за 2019 година.
А. Арсов