Мартин Милев со ново ремек дело – „Кочини, граду мој“

Мартин Милев ја промовираше својата нова песна „Кочини, граду мој“.

-„Кочини, граду мој“ е пуштена во етер. Ова е елегија за градот што подолг период живее само од приказните за како некогаш било подобро. За сите претходни генерации што го имаат доживеано Кочани “живо“, за сите сегашни што го гледаат умртвено и сите идни за кои се надеваме дека ќе го видат оживеано! Искрено посакувам оваа песна за неколку години да биде само потсетник за едно минато, наместо долго време да не ја изгуби својата релевантност.Огромна благодарност до луѓето што беа дел од видеото, до GFK Osogovo и оние без кои ова немаше да се случи: Инструментал: Стефан Меновски – МЕНКА , Outro: Teodora Vasilevska, Видео и монтажа: Viktor Krstevski – VKR , Dron Operator: Ljubomir Todorov , Mixed by: JanZoo, изјави Милев.

Песната е снимена во студиото на Трајче Цветковски во Скопје, додека спотот на повеќе локации во Кочани.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial