Мартовска крводарителска акција во Црвен крст Кочани – собрани 29 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената мартовска крводарителска акција.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа  29 дарители и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Крводарителската акција е трета акција годинава што се спроведува во просториите на  Црвен крст – Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: