ScratchIT е курс за програмирање наменет за ученици од V, VI и VII (10-12 годишна возраст) одделение, организиран од MATRIX ACADEMY-едукативен IT центар во Кочани. Целта на програмата е, преку забавен и интерактивен пристап, да го воведе ученикот во светот на програмирањето.
Зошто Scratch? Scratch е визуелен програмски јазик кој им овозможува на децата да креираат свои игри, анимации и приказни. Тоа е совршен начин да ги воведете во светот на кодирањето во разиграна и интерактивна средина.
Во текот на курсот, ученикот ги совладува основните концепти на програмирањето и се запознава со програмерската терминологија (интерфејс, променливи, алгоритам, услови, циклуси…). Програмирањето се усовршува преку пракса, па затоа програмата на курсот е конципирана на начин што секоја тематска единица е проследена со практична активност.
Програмата на курсот ScratchIT е изработена во соработка со универзитетски професор, а обуката ќе се спроведува во специјализирана просторија во најсовремени услови за работа. Предавач на курсот е Верица Душкова, IT инженер и магистер по технички науки.
За повеќе информации или за да се регистрирате, погледнете ја пријавата на: https://bit.ly/scratchIT или јавете се на 079-274-051 и 079-276-415.
Уписите за ScratchIT се во тек, а местата се ограничени!