Машко е првороденото бебе во Зрновци во 2025 година

Општина Зрновци го доби првото бебе во 2025 година. Новороденчето Милан, четврта среќа на родителите Еми и Моне Ивановски од Зрновци породено на Акушерскотo одделение при Општата болница со проширена – дејност Кочани.

Градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и неговата мајка и им посака многу здравје, среќа и безгрижно детство на малиот Милан.

– Традиционално со скромни подароци за мајката и новороденчето од Локалната самоуправа на Општина Зрновци им посакуваме многу здравје, среќа и безгрижни детски денови. Упатуваме благодарност и до специјалистот гинеколог-акушер Илчо Атанасовски и  целиот медицински персонал во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани, за посветеноста, врвниот професионализам, им посакувам успешна и плодна работа за доврото на сите граѓани во тековната 2025 година.

Сподели: