Општина Зрновци го доби првото бебе во 2022 година. Новороденчето Марко, прва среќа на родителите Ивана и Виктор Стојови од Зрновци се роди вчера, 03 јануари, на Акушерскотo одделение при Општата болница со проширена – дејност Кочани.
Градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и неговата мајка и им посака многу здравје, среќа и безгрижно детство на малиот Марко.
– Денес го посетивме Марко, нашиот првороден јунак во 2022 година од Општина Зрновци и храбрата мајка Ивана!Честитки до гордите родители Виктор и Ивана Стојови, на Марко му посакуваме безгрижно секојдневие, многу здравје и радосно детство. Почит кон посветениот и грижлив медицински персонал на Општа Болница-Кочани, Вие сте хероите на денешницата, напиша на фејсбук градоначалникот Коцев.
Во име на граѓаните на Општина Зрновци, градоначалникот Коцев на мајката и новороденчето им врачи пригодни подароци.
И. Матеничарски